КОИ СМЕ НИЕ
ДООЕЛ ЕЛЕКТРОВИН е компанија основана во 2009. Основна дејност на компанијата е услуги од областа на електроенергетиката.
Како резултат на долгогодишно работно искуство и признание за посветеност и сериозност во извршувањето на нашите услуги во 2014 се стекнавме со Сертификат за Акредитирано Инспекциско Тело ИТ-084 и Решение за Техничка Инспекција издадено од Министерство за Економија.
Нашето досегашно работење се карактеризира со постојан зголемен обем на работа и клиенти.
Долгогодишното работно искуство како и големиот број успешно реализирани значајни проекти не сместува меѓу врвните компании во Македонија од областа на електроенергетиката и гарантира за квалитетно исполнување на задачите во областа на нашето делување.
ВИЗИЈА И РАЗВОЈ
За да одговориме на барањата и потребите на нашите клиенти и за развој на компанијата во инспекциско тело ги имплементиравме потребните стандарди:
• ISO 17020:2012 Стандард за Акредитација на Инспекциско Тело и
• Решение за исполнетост на условите за вршење на технички преглед и периодични испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди издадено од Министерство за Економија.
Располагаме со потребните вештини, знаење и опрема во полето на заштита на животната средина од физички штетности, заштита на луѓето во работната средина,изработување и консалтинг при изработка на елаборати за заштита на влијанија врз животната средина.
Мерењето на параметрите за заштита на животната и работната средина се врши со професионални инструменти.
Едни од инструментите со кои располагаме се и инструментите за контрола и детекција на траса на нисконапонски и среднонапонски кабли до 35 kV и детекција на место на дефект на нисконапонски и среднонапонски кабли и надземни водови.
Располагаме и со најновите инструменти за мерење на заштитно и громобранско заземјување на нисконапонски инсталаци.
Поседуваме овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати и стабилни инсталации за дојава на пожар и изготвуваме комплет документација за Противпожарна заштита.
МИСИЈА:
Ние настојуваме постојано да обезбедуваме сеопфатна услуга и се стремиме нашите проекти да бидат завршени во дадениот рок и во рамките на буџетот на нашите клиенти.