Ние настојуваме постојано да обезбедуваме сеопфатна услуга и се стремиме нашите проекти да бидат завршени во рамките на буџетот на нашите клиенти.
За да одговориме на барањата и потребите на нашите клиенти и за развој на компанијата во инспекциско тело ги имплементиравме потребните стандарди:
ISO 17020:2012 Стандард за Акредитација на Инспекциско Тело
Решение за исполнетост на условите за вршење на технички преглед и периодични испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди издадено од Министерство за Економија.
Овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати ( сл.весник бр.130 од 16.07.2018)
Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси ( сл.весник бр. 130 од 16.07.2018)