ИМАТЕ ПРАШАЊА? КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

         
       

 

 

         
       

 

 

ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИКА
-   Вршење Технички прегледи и периодични испитувања на Електроенергетски постројки и електрична опрема
-   Верификација на квалитетот на електрична инсталација
-   Испитување на диелектрична цврстина на масло во трансформатори и високо напонски прекинувачи
-   Испитување на систем за громобранско и заштитно заземјување
-   Лоцирање на прекини на подземни кабли
-   Мерење на Отпор на Јамка, Отпор на изолација, Континуитет на заштитните каблови на главните и резервните инсталации, Тестирање на ФИД склопки
-   Aнализа на квалитет на електрична енергија во нисконапонски мрежи


   
  МИКРО КЛИМА И ЖИВОТНА СРЕДИНА

  -   Испитување на физички штетности во работна средина: бучава, осветленост, провев,температура, апсолутен притисок и влажност
  -   Мерење бучавост во животна средина
  -   Изготвување на елаборати за влијанието на објектите врз животната средина
   
     
ПРОТИВПОЖАРЕН СЕРВИС И УСЛУГИ

-    Набавка и продажба на ПП опрема
-    Набавка и монтажа на централи за дојава на пожар
-    Испитување на централи за  дојава на пожар ( издавање на атест)
-    Сервис на ПП Апарати и хидранти
-    Обуки за ракување со ППА
-    Изработување на елаборати и плански документи за заштита од пожари

-  Топка за гасење пожар

КОИ СМЕ НИЕ


ДООЕЛ ЕЛЕКТРОВИН е компанија основана  во 2009. Основна дејност на компанијата е услуги од областа на електроенергетиката.
Како резултат на долгогодишно работно искуство и признание за посветеност и сериозност во извршувањето на нашите услуги во 2014 се стекнавме со Сертификат за Акредитирано Инспекциско Тело ИТ-084 и  Решение за Техничка Инспекција издадено од Министерство за Економија.
Нашето досегашно работење се карактеризира со постојан зголемен обем на работа и  клиенти.
Долгогодишното работно искуство како и големиот број успешно реализирани значајни проекти не сместува меѓу врвните компании во Македонија од областа на електроенергетиката и гарантира за квалитетно исполнување на задачите во областа на нашето делување.

ВИЗИЈА И РАЗВОЈ

За да одговориме на барањата и потребите на нашите клиенти и за развој на компанијата во инспекциско тело ги имплементиравме потребните стандарди:
•   ISO 17020:2012 Стандард за Акредитација на Инспекциско Тело и
•  Решение за исполнетост на условите за вршење на технички преглед и периодични испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди издадено од Министерство за Економија.


Располагаме со потребните вештини, знаење и опрема во полето на заштита на животната средина од физички штетности, заштита на луѓето во работната средина,изработување и консалтинг при изработка на елаборати за заштита на влијанија врз животната средина.

Мерењето на параметрите за заштита на животната и работната средина се врши со професионални инструменти.

Едни од инструментите со кои располагаме се и инструментите за контрола и детекција на траса на нисконапонски и среднонапонски кабли до 35 kV и детекција на место на дефект на нисконапонски и среднонапонски кабли и надземни водови.
Располагаме и со најновите инструменти за мерење на заштитно и громобранско заземјување  на нисконапонски инсталаци.
Поседуваме овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати и стабилни инсталации за дојава на пожар и изготвуваме комплет документација за Противпожарна заштита.


МИСИЈА:


 Ние настојуваме постојано да обезбедуваме сеопфатна услуга и се стремиме нашите проекти да бидат завршени во дадениот рок и во рамките на буџетот на нашите клиенти. 

© Copyright 2024 Elkom Group. | web design | hosting | www.elco.eu.mk

Search